Магијата на фотографијата и патувањата: Во вистински момент на вистинско место


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фотографиите кои освоија награди за најдобри фотографси дела направени при патување во 2016-та година се доказ дека не секој одмор треба се сликате себеси или пријателите.

Меѓу победничките фотографии има сцени од Њујорк за време на снежната јануарска бура, вулканска ерупција во Индонезија и други неверојатни слики од луѓе, места и суштества.

Еден од победниците, Џоел Сантос, доби 4000 фунти за „нежното и интимно“ портфолио со традиционалниот риболов во Гана и птичјата перспектива на Данакилската пустина во Етиопија, едно од најжешките места во светот.