Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Едно магаре во Пакистан беше притворено „на неколку дена“ поради „вмешаност во нелегално коцкање“ – случај во кој беа уапсени и осум лица.
Пакистанскиот суд подоцна го ослободи магарето кое било приведено за вмешаност во нелегален случај за коцкање, а во истиот случај полицијата уапси осум лица. Осумте осомничени организирале илегална трка со магариња на југот на земјата, обложувајќи се дека животното може да истрча 600 метри за 40 секунди. .
BBC пишува дека имало правни компликации во овој случај во врска со ослободување на магарето, додека осуммината осомничени биле ослободени со кауција следниот ден.Магарето останало четири дена во притвор.
Полицијата извести дека животното е „едноставно притворено на неколку дена“.
Магарињата се користат во руралните делови на Пакистан како животни кои носат различни товари, а обложување на исходот од трките на магарињата не е невообичаено.
Покрај магарето, полицијата запленила и количка за влечење, 212.000 рупии (околу 740 американски долари), подлога за пари за обложување и стоперка.
Додека остатокот од парите се чувале под клуч во полициската станица, невиното магаре поминало четири дена врзано во шталата за животни пред полициската станица.
Во средата, судот му го врати магарето на сопственикот, под услов да не го ослободи од шталата додека не се затвори случајот.