Мафијашка пресметка во Црна Гора: Силна експлозија ја потресе Подгорица (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во центарот на главниот град на Црна Гора, Подгорица, утрово експлодира автомобил, а едно лице го загуби животот.

Починал Никола Чупиќ (30) од Цетиње, кој се смета за припадник на которската криминална банда. Тој возел џип Тојота низ центаропт на градот , кога наеднаш експлодирал утрово во 10.40 часот .

Од силината на експлозијата Чупиќ излетал од прозорецот. Ги повикувал минувачите да му помогнат , но од внатрешноста на авотмобилот во пламен се слушнале истрели , најверојатно од прегреани куршуми , така што луѓето се тргнале и ја чекале итната помош.

Ова е уште една жртва на мафијашка пресметка помеѓу два клана во Црна Гора.