Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Еден од најдобрите фудбалери во историјата на Барселона и шпанскиот фудбал, Чави Ернандес најави крај на фудбалската кариера.
Чави потврди дека ова ќе биде последна сезона како фудбалер, а потоа најави тренерска кариера. Во моментов тој игра за катарски Ал Сад, а претходно цели две децении го носеше дресот на Барселона.
„Ова е мојата последна година како фудбалер, потоа ќе се насочан кон градење на тренерска кариера. Мојата тренерска филозофија ќе биде под влијание на Јохан Кројф и Ла Масија. Таа филозофија со години се негува во Барселона и мојата главна цел ќе биде фудбал преку посед на топка“, изјави Чави.
Чави во дресот на Барселона освои се што можеше да се освои, вкупно 25 трофеи, а со шпанската репрезентација освои две европски титули и стана светски шампион.
https://youtu.be/ZGyYUrTyRbc