Маерхофер оди во Полска: Ќе се бира нов главен извршен директор на Телеком


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во Македонски Телеком е во тек постапка за избор и назначување нов главен извршен директор. Андреас Маерхофер, кој е на таа функција од 2014 година, заминува од компанијата, и е назначен за главен извршен директор на Т Мобиле Полска, од 1 април годинава.

Од Македонски Телеком денеска соопштија дека Маерхофер ќе ја води компанијата до 1 мај годинава, кога треба да се избере негов заменик. Тој ќе остане неизвршен член на Одборот на директори на Македонски Телеком.

Под водство на Марехофер Т-Мобиле и Македонски Телеком станаа една компанија, што придонесе за уште подобро позиционирање на пазарот, се стабилизираше трендот на опаѓање на приходите, продолжија инвестициите во 4G мрежата и напредните технологии што овозможува на корисниците да им се понудат модерни, конвергирани и смарт решенија и услуги, се вели во соопштението од Македонски телеком.