МАЕИ: Едмонд Темелко е сериозно болен


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Едмонд Темелко, кој е во Истражниот затвор „Скопје“, се наоѓа во крајно сериозна здравствена состојба,соопшти Македонска Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ).

„Роднините на Едмонд Темелко, не’ информираа дека не му е дозволено да користи здравствена заштита што е спротивно на сите универзални права. Иако до македонските судовии беа доставени и соодветни лекарски докази, тие одбиваат да му овозможат користење на потребната здравствена нега“, укажуваат од МАЕИ.

Тие апелираат до институциите итно да преземат мерки за да се надмине ситуацијата и да помогнат да му се дозволи потребната лекарска нега на Темелко, пред да биде предоцна.

„Држењето во притвор на Едмонд Темелко во крајно сериозна здравствена состојба е чин на злосторство кој не и служи на чест на нашата држава и претставува навреда за сите Македонци во Република Албанија, кој бараат запирање на политичкиот прогон против Едмонд Темелко, а политичките сили во Република Македонија да покажат повеќе национална одговорност, се вели во соопштението.