Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро преживеал обид за атентат со дронови, натоварени со експлозиви. Тој е неповреден, седум војници на Националната гарда се повредени, а нема повредени меѓу членовите на владата.
Инцидентот се случи на церемонијата на која Мадуро држеше говор пред над 17.000 војници во центарот на Каракас, кој беше пренесувана на телевизија. Во коментар, набргу откако државната телевизија го емитуваше инцидентот прекинал неговиот говор, Мадуро го обвини за нападот претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос и тамошните десничари.
„Се укажува на тоа дека десничарите, венецуеласките ултрадеснаичари, заедно со колумбиските ултрадесничари, како и Хиан Мануел Сантос стојат зад овој обид за убиство“ рекол Мадуро, пренесе Тас.
Венецуелскиот претседател порача дека има целосна доверба во својата држава и нејзините вооружени сили. Според него, неколкумина организатори на нападот се уапсени, но не откри повеќе детаљи.