Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По Лионел Меси, Неѕмар, Хавиер Маскерано и Самуел Ето нова мета на даночните органи во Шпанија би можел да стане Кристиано Роналдо, пренесуват шпанските медиуми.
Весникот „Конфиденсијал“ објави дека ѕвездата на Реал со години го користел даночниот систем во Ирска за да задржи повеќе пари од мултинационалните компании со кои склучувал договори.
Документите кои ги објави „Football Leaks“, откриваат дека маркетинг компанијата „Multisports & Image Management (MIM) Limited“, основана во Даблин во 2004 година, склучувала договори со големи брендови со кои соработува и португалскиот фудбалер.
Основач на компанијата е адвокатот Енди Квин кој нема директна врска со Португалецот, меѓутоа весникот наведува дека доверливи документи откриваат дека MIM од 2012 година има право да го користи името, пишаните и кажаните изјави, потписот, биографските податци, фотографиите и видео снимките кои се однесуваат на Роналдо.
Сето ова било направено бидејќи данокот во Ирска е 12,5%, што е двојно помалку отколку во Шпанија. Според тврдењата на шпанскиот весник за сите свои приходи Роналдо на шпанските власти би требало да им плати 43,5% данок.
Доколку се докаже дека Роналдо имал свој удел во комапнијата MIM и доколку не е пријавена неговата соработка со наведената компанија би можел кривично да одговара за даночно затајување.
Поради даночно затајување шпанските власти веќе ги осудија Лионел Меси и Хавиер Маскерано, а обвинети се Нејмар и Самуел Ето чии судски постапки се во тек.