Мадрид „гори“ пред финалето: Англичаните прават луда атмосфера по улиците (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Мадрид преполн со навивачи пред големото финале од Лигата на шампионите. Сите улици, плоштади, ресторани и барови се преплавени со Англичани, кои пристигнаа да ги бодрат Ливерпул и Тотенхем.

Интересот за вечерашниот меч е огромен, а голем број на навивачи на двата клуба ќе допатуваат во Мадрид без билети, па ќе се обидат да купат влезница на „црно“.

Шпанските медиуми пишуваат дека вечерва се подготвува инвазија на англиските навивачи, а посебно тие кои пристигнуваат од Ливерпул. Денеска на аеродромот во Мадрид ќе слетаат 28 авиони од Ливерпул.

https://twitter.com/aeropuertoMAD/status/1133349288522715137

Стадионот „Ванда Метрополитано“ има капацитет од 68.000 и како што стојат работите, тој нема да може да ги прими ниту само англиските навивачи кои допатуваа во голем број и буквално го „запалија“ Мадрид.

Шпанската полиција извести дека во текот на ноќта и утрово се упасени пет англиски државјани поради физички пресметки и напад на полицијата. Од болниците во Мадрид јавуваат дека моментално има хоспитализирано 25 навивачи на Тотенхем и Ливерпул.

И покрај превисоките цени за сместување во хотелите и хостелите во Мадрид, англиските навивачи буквално извршија „инвазија“ на шпанската престолнина и на секаде по улиците се слуша нивната песна.