Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Славната поп кралица Мадона застана во одбрана на честа на починатиот колега и поп крал Мајкл Џексон чие име изминатиов период се најде во центарот на јавноста поради наводните сексуални злоупотреби на малолетни деца. Мадона се застапува за честа и одбрана на името на Џексон велејќи дека „луѓето се невини додека не се докаже нивната кривица“.
Мадона, која својата планетарна слава ја достигна во времето кога тоа го постигна и Мајкл Џексон, во текот на ’80-те години од минатиот век, беше прашана за мислење и став во врска со наводите изнесени во документарецот „Leaving Neverland“.
Во споменатиот документарец наводните жртви на Џексон, Џејмс Сејфчак и Вејд Робсон, категорично тврдат дека починатиот крал на поп музиката сексуално ги злоупотребувал додека биле малолетни деца.
Мадона, која во јуни ќе го објави својот 14. студиски албум под наслов „Madame X“, за новинарите од списанието Vogue изјави дека не го гледала спорниот документарец, но истакна дека и таа има искуство со лажни обвинувања, како и дека во повеќе наврати била жртва на клевети.
„Немам менталитет на личност која некого неосновано го обвинува. Оттука, во мојот личен систем на вредности, едне човек е невин сè додека не се докаже неговата кривица“, објасни Мадона.
Џексон, кој почина во 2009 година, на 50-годишна возраст, додека беше жив ги негираше сите тврдења за било каква вмешаност во сексуална злоупотреба на малолетни деца, а во 2005 година беше ослободен и од обвинението за таа афера.