Мадона симната од тронот: Ријана официјално е најбогатата музичарка на светот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според последните статистички податоци од престижното списание Forbes, чоколадната убавица и поп ѕвезда од Барбадос, Ријана, официјално е најбогатата жена во музичката индустрија. Популарната Рири ја симна од тронот поп дивата Мадона и стана најбогатата пејачка во светски рамки.

На листата на Forbes со жени кои самите го стекнале богатството Ријана со заработка поголема од 600 милиони долари се искачила на врвот.

Успехот на Ријана не е изненадувачки ако се зема во предвид дека во изминатите неколку години популарната пејачка основа успешна козметичка компанија „Fenty Beauty’, лансираше бренд на долна облека „ Savage x Fenty“ а од неодамна стана и дизјнерка на луксузна облека и модни детали.

Ријана со богатство од повеќе од 600 милиони долари е најбогатата жена во музичката индустрија пред Мадона со 570 , Селин Дион со 450, Бијонсе со 400 и Тејлор Свифт со 360 милиони долари.