Мадона повика на револуција во Вашингтон – ставена под истрага на Тајната служба (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мадона ги изненади учесниците на маршот во Вашингтон, со нејзиното појавување, моќниот и храбар говор и повикот за револуција.

„Дали ме слушате? Дали сте подготвени да го ослободиме светот? Добредојдовте на револуцијата на љубовта”, им се обрати Мадона на учесниците.

„За бунтот, за нашето одбивање како жени да ја прифатиме оваа нова ера на тиранијата, каде што не само жените во опасност, туку и сите маргинализирани лица.”

„Се чини дека сите ние лебдевме на лажното чувство на удобност, дека правдата ќе надвладее и дека добро ќе победи на крајот. Па, доброто не успеа да победи на овие избори. Но, доброто ќе победи на крајот. Значи ние денес сме далеку од крајот. Но денес го означуваме почетокот,… почетокот на нашата приказна, револуцијата почнува тука“, рече Мадона.

Мадона, исто така, имаше порака за тие што инсистираат на ставот дека овој марш никогаш нема да допринесе за ништо.”

„Ебете се”, рече Мадона. „Ебете се! Ова е почеток на многу потребните промени. Промени кои ќе бараат жртви, луѓе. Но, тоа е знакот на револуцијата“, рече Мадона.

Тајните служби најавија дека ќе спроведат истрага за Мадона поради нејзиниот говор на протестот против Доналд Трамп.