„Мачно и одвратно“: Гледачите бараат Нетфликс да ја укине тинејџерската серија поради една сцена


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Втората сезона од тинејџерската серија 13 Reasons Why предизвика лавина негативни реакции поради една сцена од последната епизода, па Нетфликс се сочува со притисок да престане со емитување на популарната серија.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Текстот содржи „спојлери“

Parents Television Council се обрати до Нетфликс со официјално соопштение во кое овој совет на родители бара серијата во целост да се укине и тоа поради сцената со силување на еден од главните машки ликови во последната епизода од втората сезона.

Втората сезона се занимава со теми како зависност, сексуална злоупотреба и вооружени напади во училиштата, а говори и за проблемот со депресијата и психичките болести меѓу средношколците. И додека критичарите главно ја исплукаа втората сезона од серијата, ВВС пренесува изјава која изјави дека серијата го прикажува „она што реално се случува“.

„Мислам дека тоа е нешто што луѓето мора да го видат, инаку ќе испадне дека ја занемаруваме реалноста“, додаде 18-годишната Кло Милер.

Сепак, изгледа дека ставот и мислењето на Кло го застапува малцинството, бидејќи на социјалните мрежи може да се најдат купишта критики на сметка на серијата за која многумина тврдат дека на тинејџерите не им нуди алтернатива, односно не ги доведува до заклучок дека нештата ќе се подобрат, туку сè прикажува како „жив пекол“.

Најмногу критики предизвика токму контроверзната и спорна сцена со силување на еден од главните ликови, Тајлер, кој беше сексуално злоупотребен со метла во машката соблекувална.

„Ако ја гледате втората сезона, прескокнете ја 13-та епизода од 38-ма до 40-та минута. Сцената е одвратна и мачна“, е само еден од купот негативни критики и коментари на Твитер.

Една од продуцентките на серијата е Селена Гомез, која тврди дека серијата и сето она кое се случува во неа се „повод за разговор“, додека авторот на серијата Брајан Јоркер тврди дека сцената со силувањето е таму за да создаде сочувство кај гледачите со ликот на Тајлер кој, како што тврди авторот, гледачите многу лесно можат да го маргинализираат како „самотник“ и „stalker“.

Првата сезона од серијата се занимаваше со темата на самоубиството меѓу тинејџерите, на пример главниот лик на младата Хана Бејкер.