Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Откако дел од сопствениците на нови модели на луксузниот SUV од Хјундаи објавија дека нивниот автомобил вреден скоро 50.000 американски долари мирисал на лук, валкани чорапи, па дури и на измет, на Хјундаи му требале повеќе од три месеци да открие зошто толку лошо смрдат одредени примероци на нивниот луксузен модел Palisade.
По анализите било откриено дека најмногу смрдат оние со навлаки од кожа Nappa, но Hyundai сега откри дека проблемот е буквално подлабок. Се наоѓа во полнењето на потпирачот за глава, а технолошкиот извештај на Hyundai наведува дека треба да се третира со комерцијални средства за отстранување на мирисот.
Сервисерите советуваат самите сопственици да го прскаат полнењето за дупките да можат слободно да го впиваат материјалот. Ако сè друго не успее, препорачливо е да се повтори постапката уште еднаш. Решението е едноставно, а постапката за отстранување на кожната навлака бара најголемо внимание. Ако и тоа не успее, Hyundai ќе ги замени спорните делови.