Луксузен центар за дерадикализација на џихадисти со пет ѕвезди


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Центарот за дерадикализација нуди услуги што ги имаат сите карактеристики на резиденција за одмор со пет ѕведзи: затворен базен, сончеви тераси и персонал со униформи и е лоциран во Ријад.

Поточно станува збор за установа за дерадикализација на џихадисти.

Конфорен комплекс под наслов Центар за советување и ориентирање „Мохамед бен Хајеф“ на преминот меѓу затвор и слобода, е симбол на контраверзна саудиска стратегија за преориентација на џихадистите што повеќе се потпира на идеолошко лекување отколку на принуда, објави францускиот весник Фигаро.

Со Центарот управуваат верски претставници и психолози. Нивната цел е спречување на осудениците кои ја издржале казната да не се вратат на џихадот

„Ние сме фокусирани на корегирање на нивните погрешни идеи, рече директорот на Центарот“, Јахја Абу Магхајед.

Поранешните припадници на Ал Каеда и Талибанците се сместени во низа приземни згради опкружени со грижливо одржува трева, меѓу другото, имаат на располагање телевизори со големи екрани.

Тие по комплексот се движат слободно.