Луксуз за руската елита: 4 часа читање чинат 100 евра, годишно членство – 3.700 евра


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Новата градба во Санкт Петерсбург е лика и прилика на целиот руски раскош, луксуз и безобразно скапо стилско расипништво кое е одлика на руската милионерска и милијардерска елита од олигархијата.

Е сега, она што е сосема чудно и дијаметрално спротивно на рускиот олигархиски чалам, е тоа што не станува збор ниту за хотел, ниту за казино, ниту за било каква друга тривијална градба, туку стнаува збор за луксузна библиотеката „Book Capella“ инспирирана од готската уметност, која ја красат кожени фотелји, луксузна резбана дрвенарија и други скапи декоративни елементи.

Библиотеката се води според мотото на Хорхе Луис Брохес: „Рајот отсекогаш го замислував како библиотека“. Само што, Борхес сигурно не го замислувал рајот како библиотека во која четири часа читање ќе коштаат неарни 100 евра. Токму таа е цената за услугите во споменатата библиотека.

Годишната членарина во Book Capella изнесува 3.700 евра, а доживотното членство чини 80.700 евра. Иако ова не е единствената библиотека која наплатува влез, таа секако е најскапа.

Во библиотеката се наоѓаат 5.000 книги, а сите се дела од издавачката куќа „Alfaret“, која всушност е сопственик на библиотеката.

Одделните книги чинат помеѓу 500 и 800 евра, а првите изданија се помеѓу 16 и 19 век. Тие се изложени во тематски простории „Книги за војната“ или „Книги за патувањата“. Некои од најскапите предмети се рачно цртани мапи на главните области на Руската империја во периодот од 1760-те години и комплетната верзија на списанието „Niva“.