Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар денес го слави својот 26-ти роденден, а во таа чест синоќа организираше голема забава за своите пријатели.
Нејмар го закупи еден од најлуксузните ресторани во Париз, а на неговата роденденска заба присуствуваа преку 100 луѓе. Дури 50 пријатели и членови на семејството допатуваа директно од Бразил за да присуствуваат на забавата.
Нејмар не штедеше и на своите гости од Бразил им плати авионски билет и сместување во Париз,
На забавата присуствуваа неговбите соиграчи од ПСЖ, но немаше ниту еден негов пријател од Барселона, бидејќи Каталонците вчера играа натпревар против Еспањол.