Луксуз кој потфрлил – овој е најскапиот „град на духови“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во близина на турското село Мудурну, кое се наоѓа на половина пат помеѓу Истанбул и Анкара е сместен еден од наубавите „градови на духови “ на светот.

Тука е „градот на духовите“, наречен Бурџ Ал Бабас е различен од сите слични на него.

Тоа е место полно со мали замоци во стилот на Дизни, кои се украсени со раскошна архитектура и гламурозни кули. Но, она е најизненадувачко за сите кои успеале да го видат и посетат ова чудно место е фактот што во градот нема луѓе, нема автомобили, нема патишта. Денес Бурџ Ал Бабас е град на духови и мистерии кој ги привлекува туристите од целиот свет.

Бурџ Ал Бабас првично бил замислен како проект за луксузни недвижнини, со цел да се создадат стотици палати со сопствени базени, џакузи и подно греење, трговски центар, бројни ресторани, турски бањи, па дури и терен за голф.

Изградбата започнала во 2014 година, но набрзо била прекината поради жалбите на еколошките активисти, што компанијата која го градела проектот ја довело до банкрот, и огромни долгови.

Денес сите палати на Бурџ Ал Бабс се недовршени, а градот е целосно неорганизиран, без патишта и без луѓе. И покрај тоа, сè уште го привлекува вниманието на туристите од целиот свет.

Иднината на овој „град на духови“ со тесни улици и збиени замоци за чија изградба досега се потрошени околу 170 милиони евра, сега е неизвесна и проектот стана предупредување за другите претприемачи во турскиот градежен сектор зафатен со долгови, пренесуваат локалните медиуми.

Од 732 планирани згради замоци, 587 се завршени, а компанијата сега е во долгови од огромни 22 милиони евра.