Home Актуелно Лукашенко издаде наредба: Белоруската армија ставена во целосна борбена готовност

Лукашенко издаде наредба: Белоруската армија ставена во целосна борбена готовност

Белорускиот претседател Александар Лукашенко на церемонијата на предавање на генералните еполети во Минск нареди армијата да се стави во состојба на целосна борбена готовност, пренесува РИА Новости.

„Дадов наредба да се стави војската во состојба на готовност“, изјави Лукашенко, пренесува РИА Новости.

Тој додаде дека „му било болно да ги гледа“ настаните што се случија на југот на Русија.

„Многу наши граѓани ги земаа при срце. Затоа што татковината е една. Историјата памети – Белорусите знаат како да ја бранат својата земја. Бевме и ќе бидеме посилни од какви било предизвици“, рече Лукашенко.

Како што истакна, нема обоени револуции доколку нема причина за тоа во државата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…