Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Директорката на УЈП Сања Лукаревска апелираше до Собранието побрзо да се донесат законите од петтиот пакет мерки за да не се казнуваат компаниите кои не ги исплатиле платите во февруари.
Таа рече дека ќе има толеранција и ќе се контактираат компаниите да најдат начин како да ги менаџираат платите до донесувањето на законите, но за дел од нив рече дека ќе има и блокирање на сметките ,ако и претходно не исплатиле плата.
Од сетот на економските мерки кои минатата година ги донесе Владата, со цел надминување на последиците од кризната ковид состојба, компаниите и самостојните вршители на дејност (СВД), кои добија субвенции за плати и за социјални придонеси за месеците април, мај, јуни, и за октомври, ноември и декември, имаат обврска примените средства да ги вратат во буџетот на државата, во висина од најмногу 50 отсто од остварениот финансиски резултат, пред оданочување во билансот на приходи и на расходи за 2020. За таа цел, претходно тие треба до Управата за јавни приходи да достават барање за пресметка на износот. Враќањето на средствата ќе биде на три рати – април, мај и јуни годинава, и во октомври, ноември и декември годинава, без пресметана камата.
Ова го посочи на денешната прес-конференција директорката на УЈП, Сања Лукаревска. Таа рече дека за сите мерки за плати и за придонеси, лани од буџетот се издвоени 8,3 милијарди денари или 135,3 милиони евра. Обврската за враќање е 1,2 милијарди денари или 19,6 милиони евра, односно 14,5 отсто од вкупно исплатена финансиска поддршка.
Субвенции за социјални придонеси од плата искористиле 1.738 фирми на кои им биле исплатени 109 милиони денари за 13.421 вработен, а 398 самовработени за 1.142 вработени добиле 8,3 милиони денари. Фирмите треба да вратат 20,1 милион денари, а СВД 1,3 милиони денари, според барањата што ги поднеле во УЈП, до 31 март годинава.
„Заклучно со 31 март годинава до УЈП поднесени се барања за враќање на добиената финансиска помош за плати, од 20.693 фирми и СВД, од кои 17.932 се комплетни, а кои 5.296 покажале позитивен финансиски резултат. Сите треба да вратат 814 милиони денари во буџетот. Оние правни субјекти кои ќе докажат дека финансиската помош од државата или повеќе од таа сума, ја употребиле во зголемување на вработеноста, инвестиции во оперативата или во продуктивен капитал, можат да поднесат барања за претворање на финансиската поддршка во грант. Заклучно со март годинава, поднесени се вкупно 1.993 вакви барања од фирми и 71 од СВД“, рече Лукаревска.
Таа додаде дека во февруари годинава, 6.888 работници немаат добиено плата, од 63.958 прифатени пресметки на компании. За 133 работодавачи кои претходно добиле финансиска помош од државата и сѐ уште не исплатиле плати, се води постапка за присилна наплата. За оние компании, пак, кои поднеле барање и чекаат помош од петтиот сет на економски мерки кои заглавија во Собранието, УЈП ќе покаже толеранција и ќе им даде соодветни рокови, односно нема да ги блокира поради неисплатени плати.