Лукаку ја отвори душата: Мајка ми позајмуваше леб за да се прехраниме!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Манчестер Јунајтед и белгиската репрезентација, Ромелу Лукаку во првиот натпревар на Мундијалот постигна два гола и сигурно ќе претендира за титулата најдобар стрелев на првенството.

Лукаку за медиумите ја отвори душата и откри колку бил тежок и трнлив неговиот пат до ѕвездите.

„Се сеќавам на точниот момент кога сватив дека сме сиромашни. И понатаму ја имам таа слика, мајками покрај фрижидерот со интересен израз на лицето…Имав шест години и секој ден истото мени, леб и млеко. Тоа беше единственото што можевме да си го приуштиме. Потоа дојде тој ден, мајками ја заде кутијата со млеко и во неа стави вода. Немавме доволно пари да ја истуркаме целата недела. Не бевме сиромашни, бевме шворц“, открива Лукаку.

Неговиот татко бил фудбалер, но не премногу добар, па сите пари ги потрошил пред да ја заврши кариерата.

„Прво ни ја исклучија кабелската, нема повеќе фудбал…Па потоа еден ден доаѓам дома – нема струја. Некогаш и по две три недели бевме без струја. Немавме топла вода и мајками грееше вода за да се избањам. Имаше моменти и кога мораше да позајмува леб од пекарата до нашиот дом. Знаев дека се мачиме, но кога видов дека меша млеко и вода знаев дека е готово. Не можев да ја гледам мајками како се мачи. Стаирци ни се шетаа низ домот“, додаде Лукаку.