Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Грчките медиуми овие денови пишуваат за аферата која ја имал капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ со една грчка манекенка после натпреварот во Атина.
Фудбалерите на Хрватска имаа продолжено славје за пласманот на Мундијалот, па останаа во Атина после елиминацијата на грчката репрезентација.
Медиумите пишуваат дека Лука Модриќ заедно со Иван Перишиќ и Шиме Врсаљко вечерта биле во еден популарен клуб во Атина, а излегувањето го организирале екс репрезентативците Даниел Прајниќ и Младен Петриќ.
Ноќта очигледно била бурна, особено за Лука Модриќ кој беше виден во друштво на атрактивната грчка манекенка, Риа Тсига.
Иако дел од неговите пријатели негираат дека Модриќ бил во друштво со манекенката, сепак грчките медиуми деновиве се преполни со такви натписи.