„Луј Витон“ луксузни слушалки од 1.000 долари


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


На оние кои имаат вишок пари и не штедат на трендерска „гаџетерија“ и скапи технолошки производи, оваа нова верзија на слушаките „Horizon Earphones“ од производителот „Master & Dynamic“ ќе им ги задоволи не само аудио вкусовите и барањата, туку и естетската пребирливост.

Премиум аудио брендот „Master & Dynamic“ се здружи со модната куќа Луј Витон а производот на таа соработка е најновата верзија на „Horizon Earphones“ слушалките. Овие слушалки чинат 1.090 долари, што знаќи дека се поскапи од нов Ајфон 11.

Овие безжични слушалки функционираат на оддалеченост од 30 метри. Батеријата, не е лоша, трае 10 часа константно користење.

Луј Витон слушалките се достапни во пет бои: црвена, бела, црна, розова и жолта.