Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Планетарно познатиот шампионски ас во Формула 1, Луис Хамилтон беше фотографиран од папараците во друштво фатен од папараци во друштво на бивша автомеханичарка, облечена во латекс костим во стилот на „Жената- мачка”.
Откако во 2015 ја прекина долгогодишната врска со пејачката Никол Шерцингер, Луис Хамилтон го поврзуваа со многуборјни убавици – Барбара Палвин, Вини Харлоу, Кендал Џенер, Ријана , Ники Минаж, Рита Ора и Софија Ричи, а сега според најновите фотографии од Лос Анџелес на ред дојде Захра Елис.
Британскиот возач на Формула 1 и атрактивната ѕвезда на Инстаграм , која на оваа мрежа ја следат над милион фанови, во саботата се видени како по роденденската забава на актерот Кевин Харт, заедно одат во домот на Захра.
Папараците ги уловиле на бензинска станица , каде атрактивната црнка ги покажа своите облини во црн комбинезон од латекс како „Жената – мачка”.
View this post on Instagram
Инаку, 25- годишната Захра, освен што е ѕвезда на Инстаграм, се занимава со дизајн , има свој бренд за долна облека , а почнала и да глуми. Дури четири години има поминато во американската воена морнарица, каде работела како автомеханичарка.
View this post on Instagram
За нејзините врски се зборува дека порано била во врака со атлетичарот Усеин Болт, но таа демантираше , тврдејќи дека се само добри пријатели.
View this post on Instagram