Луис Енрике пред потпис во Челзи, Конте во ПСЖ


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике е близу до постигнување на договор со Челзи, тврди еминентниот „Паризиен“.

Весникот тврди дека шпанскиот стратег преговара со десната рака на сопственикот на „сините“ Роман Абрамович, Марина Грановскаја и наскоро ќе стави потпис на договорот.

Луис Енрике го одбил ПСЖ само поради разговорите со Челзи и би сакал да води тим од англиската Премиер лига. Тој дури и неколку месеци учел англиски јазик за да нема комуникациски проблеми кога ќе почне да работи во неговиот нов тим.

Од друга страна „Скај Италија“ пренесува дека Конте е блиску до преземање на кормилото на Пари Сент Жермен.

Преговорите се во напредна фаза, а „светците“ на италијанскиот стратге му понудиле договор „тежок“ 11,5 милиони евра по сезона.