Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барселона го совлада Леганес со 2:1,а сензација на „Ноу Камп“, спречи Меси кој погоди од пенал во претпоследната минута од натпреварот.
После дебаклот на тимот во Париз атмосферата на „Камп Ноу“ беше лоша, па фановите го исвиркаа Луис Енрике но и играчите.
„Прифаќам фановите да ме свиркаат мене поради поразот во Париз, но не треба да им свират и на фудбалерите. Не разбирам. Нема поента како навивач да го свиркате фудбалерот од вашиот тим. Секој може да го искаже своето незадоволство како сака. Но тоа што му го направија на Иниеста ме иритира. Ги сфаќам оние кои ме свиркаат мене, јас сум тренер и по такви перформанси како во Париз треба да ги прифатам критиките“, изјави Енрике.
Медиумите изминатите денови упатија низа критики кон Луис Енрике, веќе го бараат неговиот наследник, а некои отидоа до таму па прогласија крај на ерата на Барселона.
„Не знам се уште за мојата иднина, но тоа сигурно нема да влијае на нашите игри на терен. И може слободно да кажам дека ова не е никаков крај на една ера на клубот, како што вие пишувате, затоа што тоа само песимист може да го кажат. Играме се уште во три натпреварувања, каков крај?“, нервозно одговори Енрике.