Луис Енрике направи револуционерни промени во тимот на Шпанија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новиот селектор на Шпанија, Луис Енрике денес го објави списокот за двата престојни натпревари со Англија и Хрватска во Лигата на нации.

Селекторот направи големи промени во тимот на „црвената фурија“ и се откажа од докажани играчи како Жорди Алба, Коке и Јаго Аспас.

Нови имиња во составот се голманот на Бетис, Пау Лопес, Диего Љоренте (Сосиедад), Хосе Гаја (Валенсија), Себаљос (Реал Мадрид) и Сусо (Милан). Во тимот се враќаат Маркос Алонсо (Челзи) и Сержи Роберто (Барселона).