Луѓе се убиваа на неа, Тито ја забрани, Јованка ја порачуваше


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Песната Pluća su mi bolna, која во 1950 година ја напиша Драгиша Недовиќ, кога дозна дека боледува од туберколоза, ја следи доста чудна и интересна, но и бизарна приказна.

Според многумина, оваа е најтажната песна било кога снимена на овие простори, а своевремено лично Јосип Броз Тито ја забрани да се изведува и пушта, бидејќи многу луѓе кои болуваа од туберколоза извршија самоубиство откако ја чуле истата.

21-12-pluca-su-mi-bolna1

Животната приказна на Драгиша Недовиќ е навистина неверојатна – роден во 1916 година, веќе на 20 години ја има напишано и ден денес култната U lijepom starom gradu Višegradu. Кобната 1941 година, со останатите жители на Крагуевац е изведен на стрелање, но во последен момент, како веќе познат текстописец, го тргаат на страна и го депортираат во Германија, каде поминува четири години во логоро во Дормаген.

После завршувањето на Втората светска војна, Недовиќ се враќа во Крагуевац, а на почетокот од 1950-те дознава дека страда од туберколоза. Тогаш ја пишува песната Pluća su mi bolna, истурајќи ги своите емоции од сознанието за тешката болест во нејзините стихови.

Pluća su mi bolna, zdravlja više nemam
Jer su sasvim blizu, moji zadnji dani
Živeću još danas, a možda i sutra
A onda zauvek, zbogom moj živote
Nije meni žao, bednoga života
Jer ja sreće nikad, osetio nisam
Samo bol i patnja, gorke suze lio
U životu svome, srećan nisam bio.

Песната прв пат ја сними Заим Имамовиќ, а се зборува дека толку сугестивно делувала на луѓето, особено на оние болни од туберколоза, што многумина, под нејзино влијание, посегнале по сопствениот живот. Поради тоа, Централниот комитет на КПЈ, по инструкции на Тито, одлучува оваа песна да е забрани. Забранета била во наредните десетина години, кога на една прослава ја нарачала да се пее лично Јованка Броз и тогаш за сопругата од Тито ја отпеа легендата Нада Мамула.

Иако се излекува од туберколозата, Недовиќ во 1959 година го снајде нова мака кога почнаа неговите срцеви проблеми. Почина од инфаркт во 1966 година. Денес ретко кој се сеќава на него, иако зад себе остави големо музичко наследство од дури 800 песни, меѓу кои и познатите “Tekla rijeka Lepenica”, “Na Moravi vodenica stara”, “Jutros mi je ruža procvetala”, “Smederevo, grade od starina”.