Луѓето се „испотепаа“ за работа на овој зафрлен ирски остров


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Алис Хејс и нејзиниот партнер Били О’Конор беа изненадени од одзивот на огласот кој го пуштија на социјалните мрежи за работа на далечниот ирски остров Бласкет, лоциран кај западниот брег од Ирска. Наспроти нивната загриженост дека никој нема да им се пријави, тие добиле 23.000 апликации на огласот од сите страни на светот.

Огласот се однесувал на менаџирање на мало кафуле и три колиби, помеѓу април и октомври. Избраните кандидати ќе живеат заедно на тој остров во округот Кери, Ирска, без многу модерни погодности. Конкурсот за вработување е отворен за парови или најдобри пријатели, и секој што ја сака работата мора да биде сигурен да донесе со себе личност со која може да живее.

„Ова е неверојатно! Мислевме дека никој нема да се пријави на нашиот оглас ! Имаше голем интерес и минатата недела, но последните неколку дена беше лудница, ’велат Алис и Били.

Апликации добиле дури од Иран, Аргентина, Финска и Мексико.

„Е-поштата е заглавена со пораки, а нашите телефони постојано ѕвонат“, вели Алис Хејс за британските медиуми.

А, како е да се работи на островот, раскажаа Лесли Кехо и Гордон Бонд. Живееле и работеле на островот од април до октомври минатата година.

Кехо изјави дека животот на островот е мирен, и наскоро станал нивна верзија на „нормален“.

„Бевме единствените постојани жители на островот. Луѓето ќе дојдат да го посетат, но не остануваа подолго од два дена или максимум една недела “, рече таа.

Таа исто така рече дека морале да се тушираат со студена вода од планински поток.

„Тоа беше најбрзото туширање во мојот живот. После тоа, бевме дефинитивно будни! ’’, вели Кехо.