Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Bрачната двојка Зеленски на социјалните мрежи и во јавноста предизвика бура од реакции, и такви за подршка, но и многу негативни, со нивната фото-сесија за популарното модно списание „Вог“.
Во големото интервју за магазинот „Вог“ на новинарката Рејчел Донадио која го посети Киев, првата дама на Украина Олена Зеленскa зборувала за воената состојба во родната земја, одлуката на нејзиниот сопруг да стане претседател и принудната разделба на семејството.
View this post on Instagram
Текстот со наслов „Портрет на храброста“ започнува со реченицата: „Не постоеше сценарио за првата дама за време на војната, па Олена Зеленскa го напиша своето. Иако секогаш стоеше зад својот сопруг, сега е во центарот на сцената на трагедијата.
Олена Зеленски во интервјуто рекла дека нејзините деца и помогнале да го преброди овој тежок период и инсистирала дека не би можела да „преживее“ без нив.
View this post on Instagram
Но, нејзиниот сопруг досега не можеше да се „соедини“ со нивните деца поради безбедносни причини.
„Нему му е многу потешко во овој поглед“, рекла Олена и додала: „Тој страда. А потоа страдаат и моите деца, бидејќи не можат да се видат.
Фотографиите на брачната двојка Зеленски, освен поддршка на социјалните мрежи, наидоа и на негативни реакции на сметка на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој беше етикетиран како човек кој сака да се „прослави во воени околности“.
View this post on Instagram
„Кан, Венеција, Греми награди, насловна страница на „Вог“ – како да е поп-ѕвезда, а не главен човек во земја која е нападната“, „Луѓето умираат, но Зеленски е зафатен со снимање за „Вог““, „Ова се нарекуваат приоритети – насловна страница на „Вог“ пред грижата за народот“, пишуваат луѓето.
„Некои луѓе изгубија сè, а првата дама и претседателот позираат на насловната страница“, „Нема ништо полошо од – среде војна сме и насловна страница на моден магазин“, се само некои од бројните коментари на социјалните мрежи.