Лудории на Олд Трафорд: Адреналински паркур фанатици провалија на славниот стадион (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Група тинејџери кои се занимаавт со паркур минатата недела ги откри сите „дупки“ во безбедносните протоколи на стадионите. Ова се случува во време Англија и цела Европа стравува од терористички напади.

Тинејџери на возраст помеѓу 16 и 18 години, утрото пред хуманитарниот натпревар на Мајкл Керик, влегле на стадионото на Манчестер Јунајтед.

И додека за нив целтата акција била само добра забава, јавноста во Англија е бесна и се прашува што ќе се случеше доколку утрото пред мечот на кровот на „Олд Трафорд“ бил некој со многу поопасни намери, од оние кои ги имале тинејџерите.

На хуманитарниот меч на Мајкл Керик на „Олд Трафорд“ присуствуваа 70.000 гледачи.

Тинејџерите целата своја забава ја снимале, а снимките се објавени на „Instagram“ и „You Tube“.

Полицијата „акцијата“ на паркур тинејџерите ја нарекла неодговорна, бидејќи на неколку часа пред натпреварот морале да го прегледаа целиот стадион.