Лудница во Рим: Фановите во еуфорија го пречекаа најскапото засилување


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


До пред една година никој не знаеше за него, а ова лето најголемите италијански клубови буквално се „тепаа“ за потписот на Патрик Шик.

На крајот Рома успеа да ја добие битката, иако Шик беше пред трансфер во Јувентус и Интер и го направи најскапо засилување во историјата на клубот.

Имено, „волчицата“ се договори со Сампдорија за едногодишна позајмица од 5 милиони евра, а следното лето ќе плати додатни 33 милиони. Со одредени бонуси трансферот на Шик ќе чини нешто повеќе од 40 милиони евра.

Фановите на Рома му приредија спектакуларен пречен на аеродромот, што е традиција за фановите на „волчицата“ кои новите засилувања ги пречекуваат како „богови“.