Лудница пред голот: 19 секунди кои станаа вирален хит на Твитер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За еден фудбалски натпревар да изобилува со возбудливи ситуации и адреналин не мора да се игра во Премиер лигата или во некоја од другите врвни европски лиги. Видеото во прилог подолу е чист доказ за тоа.

Wingate & Finchley FC во саботата играше против Dulwich Hamlet FC во рамки на UK FA Trophy натпреварувањето. Следните 19 секунди кои ви ги пренесуваме од овој дуел станаа вирален хит на Твитер кој твитерџиите „го спобудалеа“ од споделување.

Иако загубија со 2:0, Dulwich Hamlet недвосмислено заслужија некаква награда за нивната пожртвувана и бескомпромисна одбрана.