Лудница од пласман во 95-та минута: Египет на Светско фудбалско првенство после 28 години


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Египет после 28 години повторно ќе биде дел од Светско првенство, откако после луд натпревар обезбеди пласман за Русија на коло пред крајот од квалификациите.

Херој на „Фараоните“ е Мохамед Салах кој му донесе победа на Египет над Конго од 2:1 и тоа со гол во 95-та минута од пенал.

Токму фудбалерот на Ливерпул го постигна и првиот гол за Египет, но гостите успеаа да израмнат преку Боука во 88-та минута.

На едно коло пред крајот на квалификациите, Египет има недостижни 4 бода предност пред Гана и за прв пат после 28 години ќе биде дел од планетарната смотра.