Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Општ хаос, полудено стампедо, тепачки, паѓања во несвест – вака на кратко може да се опише атмосферата и ситуацијата која се случуваше во трговскиот центар во Нови Сад каде требаше да настапи локалната балканска YouTube ѕвезда „Бака Прасе“.
Во општиот хаос , кога неколку илјади граѓани се обидувале да дојдат на настапот на јутјуберот, имало и тепачки , скршени излози , а некои паѓале и во несвест. Конечно интервенирала полицијата и целосно го испразнила трговскиот центар. Популарниот шоумен, во еден момент пред налетот на илјадниците фанови, се заклучил во тоалет, пренесуваат српските медиуми.
Децата заедно со своите родители се буткале за да се фотографираат со својот идол. Но , некои од нив паднале во несвест.
„Не се криев во тоалет, туку бев во канцеларијата. Немав поим дека ќе се појават толку луѓе, очекував да дојдат околу илјада.” изјави Богдан Илиќ , кого младите го знаат под псевдонимот „Бака Прасе” .
View this post on Instagram
Тој вели дека , откако почнал хаосот во кој бил уништен штандот каде што требало да настапи , биле скршени излози , а некои од родителите му се заканувале дека ќе го претепаат , а особено кога видел деца како паѓаат во несвест , решил да не настапи и се вратил во Белград.