Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Жителите на делови на Северна Америка на 21 август ќе бидат сведоци на затемнување на Сонцето.
Но, според локалниот полициски шериф од американската сојузна држава Џорџија, Скот Бери, на овој датум ќе дојде „крај на светот“ каков што го познаваме денес.
– Бремените жени треба да пушат и да пијат за време на затемнувањето. Тоа ќе ги спречи радиоактивните бранови поради кои ќе им отекуваат нозете и ќе влијаат тие премногу да се жалат, беше објавено на официјалниот профил на шерифот Бери на Фејсбук.
Тој натаму препорачува на децата да им се одвлече вниманието од затемнувањето на Сонцето со ужинки и на тој начин тие „нема да знаат дека дојде крај на светот каков што го познаваме“.
– Како ваш шериф очекувам да почнете да паничите уште веднаш. Нема потреба да чекате до недела вечерта за да купите леб и млеко. Рафтовите ќе останат празни кога масата ќе собере се. Ако чекате единствено што ќе најдете е грав во конзерва и евтини снегулки. Никако не гледајте дирекно во Сонцето. Вашите очила нема да ве заштитат од сигурна смрт, беше наведено во пораката на Бери до неговите сограѓани.
Објавата, сепак, набрзо беше избришана, но засега не е познато дала профилот на шерифот бил хакиран или пак станува збор за негова „несолена“ шега.