Луди сцени во Турција: Навивач го нападна Кварезма со нож за време на Суперкупот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Коњаспор го победи Бешикташ во турскиот Суперкуп со 2:1 и тоа во драматична завршница, но натпреварот остана во сенка на инцидентот кој се случи.

Инцидентите на навивачите во Турција се позната работа, но ова ги премина сите граници. Имено, во еден момент од натпреварот навивачите со нож го гаѓаа Кварезма, кој за среќа остана неповреден, а ножот му го предаде на судијата.

На крајот на натпреварот на терен влетаа навивачите на Коњаспор, па според некои извештаи ги нападнале фудбалерите на противничкиот тим. За среќа полицијата брзо реагирала.