ЛУДА СКРИЕНА КАМЕРА: Ќерката го „намести“ Михајловиќ – тато имам дечко…


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Синиша Михајловиќ беше жртва на скриена камера која му ја приредија неговата ќерка и сопруга и која го „излуде“ познатиот тренер.

Имено, ќерката на Михајловиќ, Викторија му соопштува дека има нов дечко, кој е музичар и има 34 години.

Михајловиќ веднаш се буни за големата разлика во годините, а кога ќе ги види неговите фотографии му паѓа мрак на очи.

„Грд е и има 13 години повеќе од тебе. Кога ти ќе имаш 37, тој ќе има 50. Тој старец, а ти уште девојка“, коментира Синиша.

Потоа неговата сопруга Аријана му објаснува дека треба да одат на ручек за да го запознаат новиот „зет“, а таму почнува вистинско лудило.

Најпрво „зетот“ касни 50 минути, а кога ќе пристигне се однесува слободно и го ословува Михајловиќ со „Папи“, на што српскиот тренер останува скаменет.

Идниот „зет“ почнува да му буричка во неговата чинија, јавно заклучува дека Михајловиќ е лош тренер штом добил отказ и се однесува непристојно.

Во еден момент Синиша веќе изнервиран и вели на сопругата:

„Ќе го фатам за нос и ќе му ја скинам главата“.

Ситуацијата е напната, а Михајловиќ почнува да беснее кога дечкото му кажува дека сака да живее со Викторија и дека наскоро ќе стане дедо.

„Кој к*р си играш ти со мене. Се правиш будала или навистина си будала“, му вели нервозниот Миха, а кога ситуацијата екалира и сакаше да го напушти ресторанот му кажаа дека станува збор за скриена камера.

Целото видео можете да го гледате на следниот ЛИНК.