Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Американски државјанин од сојузната држава Аризона е обвинет за убиство на сопственото 6-годишно синче извршувајќи егзорцизам врз него при што му турал врела вода директно во грлото на малото дете.
Таткото сакал да изведе ритуал за бркање духови од синчето, соопшти полицијата. Тој е уапсен во семејниот дом во племенскиот резерват Пасква Јаки, кој се наоѓа на околу 16 километри југо-западно од градот Тусон.
31-годишниот Пабло Мартинез им кажал на полицајците дека детето е опседнато од демон и се обидувал да го спаси. Поточно, тој сфатил дека детето е во рацете на злото кога тој ден го капел во кадата и кога момчето одеднаш имало напад на бес. Затоа, пет до десет минути ја задржал главата на синот под чешмата од која течела топла вода.
Ромелија Мартинез, маќеа на момчето, изјавила дека слушнала чудни звуци од бањата и дека кога ја отворила вратата го видела Мартинез како го држи детенцето под вода што врие. Таа постојано му кажувала да престане, но тој не ја слушал. Ромелија Мартинез тогаш повикала полиција и брза помош. Таткото подоцна се обидел да го оживее момчето кога видел дека не е добро и го испрскал со ладна вода.
Полицијата пристигнала во нивниот дом околу 4,30 часот. Пабло и Ромелија Мартинез ги пречекале , а таткото веднаш ги кренал рацете во воздухот и признал дека го убил својот син. Полицајците го пронашле телото на шестгодишното дете на кревет во задната соба.
Федералното биро за истраги откри дека детето имало изгореници на лактите, рацете и главата, а докторите соопштиле дека повеќе од 15 проценти од неговото тело било изгорено.