Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Полицијата во Јапонија на возрасните возачи им дава попуст на супа од тестенини, доколку доброволно ги вратат своите возачки дозволи, како дел од мерките за поголема безбедност во сообраќајот.
„Непристојната понуда“ доаѓа по неколкуте автомобилски несреќи со фатален исход, што ги предизвикаа возачи постари од 75 години, кои во Јапонија ги има околу 4,8 милиони.
Надевајќи се дека меѓу јапонските сениори преовладува желбата за убав и евтин оброк, полицијата во централната префектура Аичи на возачите кои имаат повеќе од 75 години им понуди попусти во локалните ресторани.
Старите возачи кои одлучиле да ги предадат возачките дозволи од плицијата ќе добијат потврда со која за нарачан оброк со тестенити ќе добијат попуст од 90 јени.
Минатиот месец во Јокохама загина шестгодишно момче, а 11 деца од основно училиште биле повредени кога 87-годишен возач на комби ги „собра“ пред едно основно училиште.
Во март во Јапонија беа воведени нови когнитивни тестови за возачи кои наполниле 75 година и кои сакаат да им се продолжи возачката дозвола.