Луд провод на Ибица: Меси, Суарез и компанија отворија 41 шише шампанско!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лео Меси, Луис Суарез, Цеск Фабрегас, нивните поубави половини и блиски пријатели беа гости во еден ресторан на Ибица, а за цехот кој го направија денес зборува цел свет.

Сметката е огромна, нормално од перспектива на „обичен смртник“, додека за ѕвездите на Барселона тоа е само „ситница“.

Таа вечер познатото друштво потрошило, ни помалку ни повеќе, 37.330 евра само на храна и пиење!

На социјалните мрежи се појави сметката која на крајот на вечерта келнерите му ја доставиле на Меси и неговото друштво, а на неа јасно може да се прочита се што нарачале.

Фудбалерите најмногу потрошија на шампанско – верувале или не порачале 41 шише од ексклузивниот пијалок, а тоа ги чинеше 24.600 евра.