Љубовта над војната – венчавка во скривница во уништениот Мариупол


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Министерството за надворешни работи на Украина објави фотографија на својот официјален Твитер профил.

„Оваа венчавка се одржа во засолниште во Мариупол, кој беше опкружен со руски окупатори. Љубовта секогаш победува!” напишале покрај фотографијата од војникот и невестата.

„Им посакувам се` најдобро, слава на Украина“, „Најдобри желби за новиот пар“, посакаа многумина во коментарите.

Инаку, на почетокот на март, украински војник и војничка се венчаа на бојното поле, а им честиташе Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев.

Лесија Ивашченко и Валери Филимонов се венчаа во воени униформи во кои ја бранат својата татковина од Русите. Двајцата се членови на 112-та бригада за територијална одбрана и ги венчаше воен капелан. Невестата до „олтарот“ била спроведена од нејзиниот командант, јавуваат украинските медиуми. Сведоци беа колегите од бригадата кои носеа бели рози во рацете за време на церемонијата.