Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По љубовниот бродолом и разделбата со Бредли Купер, Ирина Шајк во друштво на нејзината мајка и ќеркичката се одмора на плажа на Ибица.
Шајк го привлече вниманието на сите кои летуваат на шпанскиот остров Ибица, каде летува со својата мајка Олга Шајк-Исламова и двегодишната ќеркичка Леа де Сен Шајк Купер.
Таа беше забележана како ужива на луксузна јахта. 33- годишната манекенка изгледа фантастично во зелено бикини и мрежаст фустан , додека на плажата се забавуваше со ќеркичката.
Ирина и Бредли , наводно , останале во пријателски опдноси и се договориле дека заедно ќе се грижат за ќеркичката . Неодамна Купер бил виден како го носи девојчето во станот на Ирина во Њујорк .
Според извори блиски до манекенката , Ирина не е подготвена за нова врска и сака што повеќе време да помине со своето дете.