Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Додека неговите сограѓани живее во сиромаштија, поранешниот кубански претседател Фидел Кастро живеел лагоден живот кој го чувал во тајност, исто како и неговите осум деца, бројни љубовници па дури и сопруги.
Првата сопруга Мирта Диаз Баларт Кастро ја изневерил со убавицата од Хавана, Наталија Ревуелта, а втората сопруга Далија Сото дел Вале ја изневерил со „другарката“ Селин Санчез, својата лична секретарка, која му била личност од доверба долги 30 години.
Далија Сото дел Вале била најважна, но најмалку позната жена на Кастро. Се запознале во 1961 година. Тие станале родители на пет сина и на сите имињата им почнуваат на А – Алексис, Алекс, Алехандро, Антони и Ангелито.
Во 1984 година тој дознал дека Далија го изневерува со Јорге, член на партијата. По признанието дека била неверна, му се губи секаква трага на Јорге. Можеби Кастро го простил неверството на Далија затоа што и самиот бил неверен.
Кубанскиот заводник наводно спиел со повеќе од 35 илјади жени, а секој ден спиел со најмалку две – една за ручек и една за вечера и така долги 40 години. Дека тоа е вистина потврдил и неговиот соработник.