Home Наука и техонологија Љубов на музиката и историјата: Пијаното на Дуња Иванова го растрепери духот на Врбјанска Чука

Љубов на музиката и историјата: Пијаното на Дуња Иванова го растрепери духот на Врбјанска Чука

Вчера, со мало задоцнување од закажаното заради епската громовна драматургија која ја приреди небото над Пелагонија, околу 19 часот вечерта, на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука, кај селата Славеј и Врбјани, во близина на Прилеп, пијано концерт одржа македонската пијанистка Дуња Иванова.

На репертоарот кој го имаше предвидено пијанистката беа застапени постмодернистички музички дела на композитори како Јан Тирсен, Лудовико Еинауди, Филип Глас, Стив Рајх, Збигњев Прајснер, чии звуци Дуња ги разлеа преку акустичното пијано кое го растрепери древниот дух на ова значајно културно-историско место.

Дополнително, за автентично доживување на местото, од страна на организаторите посетителите на ова музичко и емотивно доживување беа послужени со како душа меки погачи замесени од пелагониско жито.

Со концерт на Дуња Иванова беа одбележани 20 години активност на Форумот за Авангардна Креативност (ФАК) – Прилеп, кој со серија настани од кои пијано концертот на Врбјанска Чука беше прв, ќе го одбележи своето дведецениско постоење. Ова музичко и духовно патување беше реализирано со помош на Центарот за истражување на предисторијата (ЦИП).

Истражувањата на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука во Пелагонија се одвиваат неколку години а со оглед на тоа што во него пред се‘ се вршат ископувања, тој е посетуван и познат единствено за археолозите. Оттаму, ова ќе биде единствена можност и за пошироката јавност, која пред почетокот на концертот ќе биде запознаена со локалитетот и неговите највпечатливи обележја со што ќе се навлезе и во неговата (пред)историја.

Локалитетот се наоѓа 1 км јужно од селото Славеј (на патот од Прилеп за Крушево) и до него може да се стигне со автомобил, велосипед, пеш или со параглајдер. До наоѓалиштето поминува патот од Славеј до Боротино којшто може да се користи за да се дојде до тумбата.

Фотографии: Александар Еленин

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …