Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сосема е јасно дека претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска – Давкова не може да добие поддршка за кандидатурата од таа партија без амин за тоа од бившиот премиер и актуелен политички азилант Никола Груевски, тврди Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана.
Таа не нуди ништо ново, туку стара, веќе видена политика особено е изразена кон Албанците, во што се гледа влијанието и сличните политички ставови на Груевски и Иванов, пренесува Фокус.
Силјановска – Давкова дури изјавуваше дека не ги сака гласовите на Албанците, што би можело да ги доведе Албанците во ситуација да бидат граѓани од втор ред и судејќи по се, не би го потпишала Законот за употреба на јазиците и би ги помилувала сторителите на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година, стои во анализата на ИФИМЕС.
Во делот со поднаслов „Тајна средба на Груевски со Руси во Будимпешта“, анализата укажува дека Русија сè уште не се откажала од намерата да го оневозможи влезот на Северна Македонија во НАТО и покрај потпишаниот Протокол за членство во Алијансата.
„За тоа сведочи и широкораспоространетата руска мрежа агенти, посебно присутна во албанските средини во Северна Македонија за време на престедателските избори. Изненадува фактот дека поедини албански лидери се вклучени во наведените активности. Задкулисните случувања на македонската политичка сцена покажуваат дека еден дел од Албанците се уште тесно соработува со ВМРО-ДПМНЕ и одржува комуникации/соработка со Никола Груевски. Новина во тоа е и посредната соработка на Албанците со Руси преку Груевски што досега не е забележано во модерната историја на Албанците, кои своите стратешки односи ги градеа првенствено со САД“, пишува во анализата.