Home Живот и здравје Лубеница – одлично овошје за хидрирање во летните денови, но не е за секого

Лубеница – одлично овошје за хидрирање во летните денови, но не е за секого

Лубениците содржат поголема количина на ликопен, хидрираат и помагаат при слабеење. Во лето, на високите температури, нашето тело губи многу вода, а ова вкусно и слатко овошје е одличен начин за хидрирање и освежување во текот на денот.

Има висока хранлива вредност, но не здебелува, па е корисна при слабеење. Покрај тоа, таа има корисен ефект врз срцето, бубрезите, крвниот притисок. Содржи влакна кои помагаат при варењето и го забрзуваат метаболизмот. Бонус е тоа што ги чисти бубрезите. Таа помага при исфрлање на песокот или камењата од бубрезите, дури и го спречува нивното формирање.

Се препорачува скоро кај сите, вклучително и лица кои страдаат од дијабетес, но им се советува да ја земаат контролирано поради високата содржина на шеќер.

Сепак, кај лица склони кон отоци и едеми не се препорачува. Тогаш, потребна е претходна консултација со општ лекар, со цел да се утврди причината за отокот – без разлика дали станува збор за срцева слабост или бубрежна патологија.

Исто така, лекарите не ја препорачуваат после 19 часот, бидејќи содржи и одредена количина киселини, па може лошо да влијае врз дигестивниот процес доколку се консумира пред легнување, т.е. предизвикува надуеност.

Кога телото не е активно, тоа не може да ја „процесира“ лубеницата доволно брзо. Познато е дека варењето се забавува ноќе, што може да доведе до болки во стомакот, надуеност и непријатност.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Предности на лиметата за вашето здравје

Предности на лиметата за вашето здравје Сите знаеме колку се зборува за агрумите кога ќе н…