ЛШ: Реал Мадрид против Нејмар, Барса против Челзи, Баерн и Сити поминаа најдобро


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Попладнево во седиштето на УЕФА во Нион се одржа ждребот за осминафиналето од најелитното клупско натпреварување, Лигата на шампиони и донесе неколку инетресни дуели.

Дерби пресметките беа неизбежни бидејќи во првиот шешир се наоѓаа Манчестер Јунајтед, Пари Сент Жермен, Рома, Барселона, Ливерпул, Манчестер Сити и Бешикташ, додека во вториот шешир беа Базел, Баерн Минхен, Челзи, Јувентус, Севиља, Шахтјор, Порто и Реал Мадрид.

Ждребот сакаше во осминафиналето да ги спои Барселона со Челзи и Реал Мадрид со Пари Сент Жермен.

Парови:
Јувентус – Тотенхем
Базел – Манчестер Сити
Порто – Ливерпул
Севиља – Манчестер Јунајтед
Реал Мадрид – ПСЖ
Шахтјор – Рома
Челзи – Барселона
Баерн Минхен – Бешикташ

Првите натпревари ќе се одиграат на 13/14 и 20/21 февруари, а реваншите се на програмата на 6/7 и 13/14 март.