ЛОВ НА ХИТЛЕР: 5 луди теории на заговор за тоа што се случило со нацистичкиот лидер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Серијата која ги истражува разните теории за можниот живот на Адолф Хитлер после неговата официјална смрт на 30 април, 1945 година, стана вистински хит во САД.

Хит серијата на ТВ каналот History, „Hunting Hitler“ во три сезони ги истражува теориите на заговор за смртта на Адолф Хитлер, пишува BT. Патувајќи низ светот, од Шпанија до Аргентина и Чиле, тим на новинари и бивши припадници на ЦИА, како и воени официјални лица, се одлучни да докажат дека Хитлер не се самоубил во својот бункер во 1945 година.

Водачот на истрагата, ЦИА ветеранот Боб Баер, на крајот од првата сезона вели: „Историјата не е фиксна на начин на кој ние ја поимаме. Никогаш нема да престанам да ја барам вистината, никогаш не сум ги земал фактите здраво за готово, никогаш нема да го правам тоа“.

Еве пет најшокантни од теориите на заговор кои се изнесени во серијата „Лов на Хитлер“.

1. Мистерија на бункерот

Почетната претпоставка на серијата е дека смртта на Хитлер за која сите сме читале во историските книги, е последица на самоубиството кое го извршил во бункерот заедно со својата тазе сопруга Ева Браун, е најобична лага.

Русите го зазеле бункерот и ги однесле останките од Хитлер. Но, постоечкиот доказ – черепот со дупка од куршум, е женски. „Додека немаме труп, истрагата ќе биде отворена“, вели Боб Баер.

2. Бегство од Германија

Ако Хитлер не умрел во својот бункер, каде заминал? Тимот од „Hunting Hitler“ смета дека постојат повеќе рути за бегство, разни тунели и други можни начини за извлекување од Берлин, па дури и додека бил под тежок напад од Русите.

Тимот идентификувал можни рути за бегство со лет или од аеродромот Темпелхоф, или од пристапната писта кај Бранденбуршката капија. Потенцијални дестинации на летот за бегство се Данска или Шпанија на Франко, кои би му пружиле прибежиште на нацистичкиот лидер.

3. Теоријата за подморницата

Повеќето наводни забележувања на Хитлер после 1945 година биле во Јужна Америка, а не во Шпанија, така што пред истражувачкиот тим се појавил проблем за безбеден премин на толкава оддалеченост. Оттука, се развива теоријата дека Хитлер патувал со подморница, а во втората сезона се нудат и докази со кои оваа теорија се поткрепува.

На пример, при посета на хотелот Reina Christina пронашле директна врска од хотелот, преку серија тунели, кои можеле да се користат за тајно извлекување на луѓе до океанот.

4. Хитлер бил скриен и штитен во Аргентина

Аргентинскиот десничарски претседател Хуан Перон бил симпатизер на нацистите, па потенцијално можно е да бил и сојузник на Хитлер. Тимот открива неколку можни градови, сокриени мрежи и сведоци, кои сугерираат дека нацистите воделе операции од Јужна Америка.

Мистериозните воени градби среде џунглите и поврзаните мрежи на стражарски кули и бункери, кои се откриваат одат во прилог на нивната теорија дека таму се чувала некоја важна личност. Покрај тоа, откриени се и тунели во планините, засолништа, како и сведоци кои забележале високорангирани нацисти кои биле блиски до Хитлер.

5. Теоријата за четвртиот Рајх

Можеби најлуда теорија е дека Хитлер не само што побегнал, туку бил и целосно активен и оперативен од Јужна Америка. Тимот од „Hunting Hitler“ сугерира дека Хитлер и нацистите развиле „Четврт Рајх“ од Аргентина, како и дека се надевале да развијат оружје за масовно уништување со цел да ги уништат САД.

Ваквите сугестии можат да ги шокираат историчарите, но истражителите имаат на располагање и трета сезона од серијата за да понудат докази за своите тврдења.