Louis Vuitton Le Jour Se Lève – експлозија на женственост од мандарина и јасмин


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Louis Vuitton“ промовираше нов парфем кој гарантирано ќе биде вистински хит оваа година. Станува збор за „Le Jour Se Lève“ (Ле Жур Се Леве), комбинација од мандарина и јасмин за женствениот мирис кој ветува експлозија од свежина.

Името на парфемот значи „дневен одмор”, содржи ноти на мандарина, јасмин, црна рибизла и бергам, а концептот е на Жак Кавалие.

„Овој мирис е сеопфатен, но поседуна и „доза на смелост“. Тој сјае! Нотите на мандарина му даваат слаткост, која поставува баланс против острината на црната рибизла и јасминот. Мислам дека овој парфем може да го наречеме цветно-овошен. Јас лично го викам „смело-вкусен”, објаснува Кавалие во едно интервју.

„Ле Жур Се Леве“ ќе се продава во шишенца од 100 и од 200 милилитри.